EAAD

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБОТИЦИТЕ 2020

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБОТИЦИТЕ 2020

Со идејата за одбележување на ден во Европа кој ќе има за цел подигање на јавната свес за рационалната употреба на антибиотиците е започнато во 2008 година најпрво како платформа која  обезбедува поддршка на националните кампањи низ цела Европа.

Одлуката за формирање на Европски ден за рационална употреба на антиботиците (European Аntibiotic Аwareness Day – EAAD) следуваше по успешните национални кампањи во Белгија и Франција. Целта на EAAD беше да се подигне свеста за важноста од претпазлива употребата на антибиотици меѓу оние кои препишуваат во заедницата и болниците како и во пошироката јавност.

Во текот на првите 5 години на EAAD, бројот на земји учеснички постојано се зголемуваше и секоја земја спроведуваше барем една активност насочена кон пошироката јавност, препишувачите во примарната здравствена заштита или болниците.

Македонија учествува во активностите на EAAD од 2008 година. Од 2012 година во овие активности директно е вклучен и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје поточно Катедрата за фармакологија и токсикологија. 

On-line едукативна работилница на тема ,,ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИТЕ КАЈ ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ” со студентите од IVSA при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје 18 Ноември 2020 (Среда) - 18:00 до 19:30 часот

Време

Активност / Тема

Предавач/ Фасилитатор

 

17.45 – 18.00

 

Вклучување на учесниците на веб платформата

 

 

18.00 – 18.15

 

Добредојде & Воведни зборови

Проф. д-р Ромел Велев, член на МККАМР

Доц. д-р. Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција

 

18.15 – 18.30

 

Антимикробни средства, нивна  важност за ветеринарната медицина и создавање на резистентни соеви на бактерии према нив

Бојана Чапкуновска студент на трета година на ФВМ-С

 

18.30 – 18.45

 

Употреба на антимикробните средства во ветеринарната мала пракса и појавата на зоонози

Марија Солакова студент на шеста година на ФВМ-С

 

18.45 – 19.00

 

Правила за рационална употреба на антимикробните средства кај домашните миленици

Неда Кузмановска студент на шеста година на ФВМ-С

 

19.00 – 19.15

 

 

Промотивни видео материјали за антимикробна резистенција (WHO, OIE, FAO)

 

 

19.15 – 19.30

 

 

Дискусија

 

КРАТОК ОПИС НА ПРЕДВИДЕНИТЕ ТЕМИ ЗА РАБОТИЛНИЦАТА

1. ТЕМА: Антимикробни средства, нивна важност за ветеринарната медицина и создавање на резистентни соеви на бактерии према нив

Презентер: Бојана Чапкуновска студент на трета година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Антимикробните средства претставуваат најважното терапевтско откритие во историјата на медицината. Нивната употреба има клучна улога во одржувањето на здравјето и благосостојбата на животните, а со тоа, индиректно, во одржувањето на здравјето на луѓето и животната средина. Но, дали ние денес знаеме кои супстанции ги класифицираме како антибиотици и кои се механизмите на нивното дејство? Што претставува антимикробната резистенција и како настанува таа?

Бојана Чапкуновска

Студент на трета година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Родена во: Битола

Основно образование: ОУ „Коле Канински“ – Битола

Средно образование: СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола

Член на Интернационалната Ветеринарна Студентска Организација (IVSA) од 2019 година

2. ТЕМА: Употреба на антимикробните средства во ветеринарната мала пракса и појавата на зоонози

Презентер: Марија Солакова, студент на шеста година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Дали знаете на што се однесува концептот “Едно здравје” (One Health)? За да можеме да ја разбереме важноста на антимикробната резистенција, пред се треба да сме свесни за прекумерната и нерационална употреба на антибиотиците воопшто. Но не смее да се занемари и фактот дека антибиотиците се употребуваат и во ветеринарната мала пракса. Со презентацијата ќе се обидеме да објасниме на кој начин антимикробната резистенција се јавува кај домашните миленици, но и како сето тоа се рефлектира врз нивното здравје и појавата на зоонози.

Марија Солакова

Студент на шеста година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Родена во Скопје

Основно образование: ООУ ,,Страшо Пинџур’’ – Скопје

Средно образование: СУГС  ,,Никола Карев’’ – Скопје

Член на Интернационалната Ветеринарна Студентска Организација (IVSA) од 2017 година.

3. ТЕМА: Правила за рационална употреба на антимикробните средства кај домашните миленици

Презентер: Неда Кузмановска, студент на шеста година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: : Антибиотиците секако претставуваат најголема алатка на медицината во борбата против патогените организми кои ги напаѓаат човечките и животинските организми, но исто така и нерационалната употреба на истите доведува до антимикробна резистенција и оневозможување на правилната терапија. Правилната обука на сопствениците за рационална употреба на антибиотиците, ограничувањата во самостојното аплицирање и правилното ракување со истите се едни од клучните моменти во борбата против антимикробната резистенција.Top of Form

Неда Кузмановска

Студент на шеста година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет ,,С.В. Кирил и Методиј” во Скопје

 

Родена во: Тетово

 

Основно образование: О.У. ,,Лирија” – Тетово

 

Средно образование: С.О.У Гимназија ,,Кирил Пејчиновиќ”  –  Тетово

 

Член на Интернационална Ветеринарна Студентска  Асоцијација ,,ИВСА-Скопје” од 2017 година