ВОВЕД

Клучни факти

  • Антимикробната резистенција (АМР) се заканува на ефикасната превенција и третман на растечкиот спектар на инфекции предизвикани од бактерии, паразити, вируси и габи.
  • АМР е се посериозна закана за глобалното јавно здравје што бара акција во сите владини сектори и општеството.
  • Без ефикасни антибиотици, успехот на големите оперативни зафати и хемотерапијата на ракот би бил загрозени.
  • Трошоците за здравствена заштита за пациентите со резистентни инфекции се повисоки од грижата за пациенти со нерезистентни инфекции поради подолгото траење на болеста, дополнителните испитувања и употребата на поскапи лекови.
  • Во 2016 година, кај 490 000 луѓе ширум светот се разви мултирезистентен облик на туберкулоза (ТБ), а отпорноста кон лековите исто така почнува да ја комплицира борбата против ХИВ и маларијата.

 

Што е антимикробна резистенција?

  • Антимикробната резистенција се јавува кога микроорганизмите (како што се бактериите, габите, вирусите и паразитите) се менуваат кога се изложени на антимикробни лекови (како што се антибиотици, антихелминтици, антифунгални лекови, антивирусни и антималарични лекови). Микроорганизмите кои развиваат антимикробна отпорност понекогаш се нарекуваат и „супербактерии“.
  • Како резултатна тоа, лековите стануваат неефикасни, а инфекциите се задржуват во организмот, зголемувајќи го ризикот од ширење кај другите.

 

Зошто антимикробната резистенција е глобален проблем?

Новите механизми на резистенција се појавуваат и се шират на глобално ниво и ја загрозуваат нашата способност за третман на вообичаените заразни болести, што резултира со продолжено заболување, инвалидност и смрт. Без ефикасни антимикробни средства за превенција и лекување на инфекциите, медицинските процедури како трансплантација на органи, хемотерапија на ракот, лекувањето на дијабетесот и големите оперативни зафати (на пр., царски рез или замена на колк) стануваат многу ризични.

Антимикробната резистенција ги зголемува трошоците за здравствена заштита со подолг престој во болница и потребата за поинтензивна нега.

Антимикробната резистенција ги доведува во прашање постигнувањата на милениумските развојни цели и го загрозува постигнувањето на целите за одржлив развој.

 

Што го забрзува појавувањето и ширењето на антимикробната резистенција?

Антимикробната резистенција се развива природно со текот на времето, обично преку генетски промени. Сепак, злоупотребата и прекумерната употреба на антимикробните средства го забрзува овој процес. На многу места, антибиотиците прекумерно се употребуваат и злоупотребуваат кај луѓето и животните и често се даваат без стручен надзор. Примери за злоупотреба вклучуваат кога ги земаат луѓе со вирусни инфекции како што се КОВИД-19, настинка и грип, и кога тие се даваат на животни како поттикнувачи на растот или се користат за спречување на болести кај здравите животни.

Антимикробно-резистентните микроби се наоѓаат кај луѓето, животните, храната и околината (во водата, почвата и воздухот). Тие можат да се шират меѓу луѓето и животните, вклучително и од храната од животинско потекло и од личност до личност. Лошата контрола на инфекцијата, несоодветните санитарни услови и неправилното ракување со храна го поттикнуват ширењето на антимикробната резистенција.

 

Препораки за пациентите:

Секоја година во ноември од 18 до 24, се одбележува Неделата за рационална употреба на антимикробните средства за да се поттикнат пациентите на одговорно однесување, со следниве препораки:

  • користете антибиотици само ако вашиот лекар ви ги препише;
  • ако вашиот лекар не ви препишал антибиотик, тоа значи дека не ви е потребен;
  • да ги применувате точно онолку долго колку што ви е пропишано и на начин кој ви е одреден;
  • доколку ви остане некој лек по терапијата, прашајте ги стручните лица како правилно да ги уништите;
  • никогаш не ги делите антибиотиците со други лица;
  • при примена на антибиотиците следете ги и другите упатства на здравствените стручни лица;
  • заштитите се од инфекциите со миење на рацете и хигиенска подготовка на храната, избегнувајте контакт со болни луѓе и водите безбеден сексуален живот;
  • вакцинирајте се редовно.

Поддршка на активностите во борбата против антимикробната резистенција во ветеринарните институции и организации

Антимикробната резистенција е национален и глобален јавен здравствен предизвик. Антимикробните лекови се користат успешно и широко во хуманата и ветеринарната медицина повеќе од 60 години. Ако се користат рационално, антимикробните лекови можат ефикасно да се борат против бактериските инфекции. Нивната употреба и злоупотреба, сепак, може да доведе до развој на бактерии резистентни на антимикробните лекови. Кога бактериите развиваат отпорност на антимикробните лекови, тој лек може да биде помалку ефикасен во борбата против инфекциите кои ги предизвикуваат тие бактерии.

Од клучно значење е да го примениме пристапот „One Health“ (едно здравје) за да се справиме со оваа важна јавно-здравствена грижа, вклучително и примената на добри практики на антимикробното управување во здравството и ветеринарните средини за да се забави развојот на резистенција и да се продолжи векот на траење на антимикробните лекови. One Health е интегративен напор на повеќе дисциплини кои работат на локално, национално и глобално ниво за да се постигне оптимално здравје на луѓето, животните и животната средина. Фокусот на овој план е на активностите преземени од Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство и другите заинтересирани страни за поддршка на антимикробното управување во ветеринарните институции и организации.

Ние веруваме дека медицински важните антимикробни лекови треба да се користат само кога е потребно за лекување, контрола или спречување на болестите. Покрај тоа, кога таквата употреба е неопходна, овие антимикробни лекови треба да се користат оптимално под надзор на овластен ветеринар.

Ние ја препознаваме и поддржуваме сеопфатната дефиниција развиена од Американското здружение за ветеринарство (AVMA) коja го дефинира антимикробното управување во ветеринарната медицина како „активности кои ги преземаат ветеринарите поединечно и како професија за зачувување на ефикасноста и достапноста на антимикробните лекови преку совесен надзор и одговорно носење на одлуки при лекувањето, со зачувување на здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на животната средина “.