Вебинар 2

“ Aнтимикробната отпорност кај Campylobacter spp. во РСМ и развој на национален систем за нејзин надзор ”

  • Време: 12:00 – 14:00 часот
  • Датум: 23 Ноември 2020 (Понеделник)
  • Начин на одржување: on-line во закажаниот термин преку платформата https://WAAW2020NorthMacedonia  (ќе биде потребно да се логирате преку вашиот акаунт со информациите дадени во процесот на регистрација (Username & Password) 
  • Целна публика:

  – доктори по општа медицина, специјалисти и специјализанти од областа на медицинската микробиологија и паразитологија, инфективните болести и фебрилни состојби, епидемиологијата, педијатријата, интерната медицина, семејната медицина, превентивната медицина 

 – фармацевти

 – доктори по ветеринарна медицина

 – експерти и истражувачи од областа на јавното здравје и безбедноста на храна

–  студенти на општа медицина, фармација, ветеринарна медицина, биологија и молекуларна биологија

  • Организатори: Мултисекторска комисија за контрола на АМР при Министерството за здравство на РСМ
  • Поддржувач: Светска Здравствена Организација – регионална канцеларија за Европа и TDR (специјална програма на УНИЦЕФ/УНДП/ Светската банка/СЗО за истражувања и обуки за тропските болести)
  • Акредитација: Вебинар препорачан од Здружението на микробиолози на РСМ
  • Регистрација и плаќање: Регистрацијата е бесплатна
  • Рок за пријавување до:

23 Ноември 2020

ВЕБИНАР

Aнтимикробната отпорност кај Campylobacter spp. во РСМ и развој на национален систем за нејзин надзор

23 Ноември 2020 (Понеделник) – 12:00 до 14:00 часот

Покана до здравствените работници и докторите по ветеринарна медицина од институциите во РСМ со интерес за вмрежување во Националниот систем за надзор на Campylobacter spp.

Клучни цели на вебинарот:

  • да се презентира опасноста по јавното здравје од појавата на антимикробна резистенција кај Campylobacter spp. и соодветно на тоа да се алоцираат буџетските и програмските приоритети во иднина;
  • да се потенцира потребата од изработување на ефикасни таргетирани превентивни и контролни програми во управувањето со антибиотиците;
  • да се поттикнат најдобри практики кај здравствените работници и да се укаже на одговорниите лица во здравствените установи на потребата од изработка на протокол при употребата на одредени антибиотски формулации во лекувањето на клиничките случаи на кампилобакериоза;
  • да се укаже на нужноста од спроведување на едукативни кампањи за кампилобактериозата и подигање на јавната свест за одговорна употреба на антибиотиците;
  • во духот на “Едно здравје” да се ​​зајакне соработката меѓу академските институции и професионалните организации од хуманиот и ветеринарниот сектор, како и меѓу Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство како креатори на политиките во РСМ

Повикани предавачи:

Проф. д-р Ромел Велев – професор по фармакологија и токсикологија, Факултетот за ветеринарна медиицина, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ – професор по микробиологија и паразитологија, Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Проф. д-р Дејан Јанкуловски – професор по безбедност на храна, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

м-р. Љупчо Ангеловски – докторанд на катедрата за безбедност на храна, Факултетот за ветеринарна медиицина, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Модератори / Фасилитатори на работилницата:

Доц. д-р Голубинка Бошевска – Национален АМР координатор во РСМ; вработена во WHO Balcan Hub – лабораториски технички офицер на СЗО за поддршка на лабораториите кои работат на дијагностика на КОВИД-19 во Балканските држави

Проф. д-р Ромел Велев – професор по фармакологија и токсикологија, Факултетот за ветеринарна медиицина, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

ПРЕДЛОГ АГЕНДА НА ВЕБИНАР “Aнтимикробната отпорност кај Campylobacter spp. во РСМ и развој на национален систем за нејзин надзор” 23 Ноември 2020 (Понеделник) - 12:00 до 14:00 часот

Време

Активност / Тема

Предавач/ Фасилитатор

 

11.45 – 12.00

 

Вклучување на учесниците на веб платформата

 

 

12.00 – 12.15

 

Добредојде & Воведни зборови

 

Доц. д-р Голубинка Бошевска

Проф. д-р Ромел Велев

 

12.15 – 12.30

 

Зголемување на антимикробната резистенција како светски проблем и потребата од меѓусекторската соработка во духот на “Едно здравје” во нејзино намалување како здравствена закана

 

 

Проф. д-р Ромел Велев

 

 

12.30 – 12.45

 

Инфекција со Campylobacter spp. и нејзина изолација, идентификација и испитување на осетливоста во хуманиот сектор во РСМ

 

Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ

 

12.45 – 13.00

 

Campylobacter spp. кај животните и нејзина изолација, идентификација и испитување на осетливоста во ветеринарниот сектор во РСМ

 

Проф. д-р Деан Јанкулоски  

 

13.00 – 13.15

 

Интегриран систем за мониторинг и известување за кампилобактериозата и пратење на антимикробната отпорност кај Campylobacter spp.

 

м-р. Љупчо Ангеловски

 

 

13.15 – 13.45

 

 

Дискусија

 

 

 

13.45 – 14.00

 

 

Одјавување

 

ПОКАНЕТИ ПРЕДАВАЧИ СО КРАТОК ОПИС НА ПРЕДВИДЕНИТЕ ТЕМИ ЗА ВЕБИНАРОТ

Ромел Велев DVM, MSc., PhD

Редовен професор на катедрата за фармакологија и токсикологија на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Раководител на Центарот за несакани дејства и информирање за ветеринарно медицинските препарати

Член  на  Европската  Асоцијација  на  ветеринарни  фармаколози  и  токсиколози (EAVPT)

Член на Мултисекторска комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство на РСМ

Член на Националната платформа на експерти од областа на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика

Претседател на Црвен Крст на РСМ

Тема: Зголемување на антимикробната резистенција како светски проблем и потребата од меѓусекторската соработка во духот на “Едно здравје” во нејзино намалување како здравствена закана

Предавач: Проф. д-р Ромел Велев – Редовен професор на катедрата за фармакологија и токсикологија на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Ќе биде претставена антимикробната резистенција како светски проблем и потребата од меѓусекторската соработка во духот на “Едно здравје” во нејзино намалување како здравствена закана. Животните кои служат за производство на храна се доминантен извор на голем број на болести кои се пренесуваат преку храната, вклучително и инфекциите предизвикани од нетифоидната Salmonella и Campylobacter. Во презентацијата ќе биде направен осврт врз употребата на антимикробните лекови кај животните за производство на храна, последователната селекција на антимикробно резистентни бактерии кај овие животни и трансферот на резистентни бактерии од животните на луѓето преку храната како важно прашање во поглед на безбедноста на храната.

Проф. др. Елена Трајковска ДокиЃ
Редовен професор на Медицинскиот факултет – Скопје, Универзитет “Св Кирил и Методиј” во Скопје
Раководител на Катедрата за микробиологија и паразитологија
Член на здру`ението на микробиолози на Р. С. Македонија
Член на Европските здру`енија на микробиолози

Тема: Инфекција со Campylobacter spp. и нејзина изолација, идентификација и испитување на осетливоста во хуманиот сектор во Р.С. Македонија

Предавач: Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ – редовен професор на Катедрата по микробиологија и паразитологија на Медицинскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Краток опис: Предавањето е базирано на три главни точки. Во првиот дел ќе биде обработена улогата на кампилобактерот во развитокот на хуманите инфекции наспроти нивното субдијагностицирање во Македонија како причина за сеуште недоволното познавање на овој здравствен проблем. Во вториот дел ќе биде изложен најчесто употребуваниот протокол во земјите од Европската унија за изолација и идентификација на најзначајните видови на Campylobacter со цел поставување на лабораториска дијагноза на акутни гастроентероколити кои тој ги предизвикува кај човекот. Ќе биде прикажан и протоколот препорачан од EUCAST за испитување на осетливоста на хуманите изолати на Campylobacter кон клинички значајните антибиотици, како и распространетоста на резистентните изолати на Campylobacter во светот и кај нас. Сето тоа упатува на потребата од евалуирање на трендовите и изворите на антимикробната резистенција која во иднина ќе биде важен предизвик како за безбедноста на храната така и за здравјето на човекот и животните.         

Деан Јанкулоски DVM, MSc., PhD

Вонреден професор на Катедрата за безбедност на храна и ветеринарно јавно здравство на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Раководител на Институт за храна на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје

Член  на  Научен  Комитет за генетски модифицирани организми при Министерство за животна средина и просторно планирање

Член на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни при Агенција за храна и ветеринарство

Член на Националната платформа на експерти од областа на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика

Тема: Campylobacter spp. кај животните и нејзина изолација, идентификација и испитување на осетливоста во ветеринарниот сектор во Р.С. Македонија

Предавач: Проф. д-р Деан Јанкулоски – вонреден професор на катедрата за безбедност на храна и ветеринарно јавно здравство на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Предавањето се фокусира на преваленцата на кампилобактериозата кај животните и влијанието на кампилобактериите врз контаминацијата на хранта од животинско потекло како главен вектор за хуманата кампилобактериоза. Презентирани се начините на изолација на кампилобактериите од приемроци од примарното анимално производство и од националните програми за контрола на зоонотските агенси кои влијаат врз ветеринарното јавно здравство како и примероци добиени при исполнување на критериумите за хигиена според правилникот за посебни барања за микробиолошките критериуми на храната. Изолатите на кампилобактери кои се користат при тестирање на АМО се добиваат со лабораториски постапки на методи за броење на кампилобактерии и изолација на истите од цекална содржина собрана од кланици за живина и свињи. Презентирана е и методологијата за тестирање на АМО на изолатите од кампилобактерии според мониторинг програмите усогласени со европското законодавство. Методата на тестирање на АМО е бујон микробилуциска метода која е препорачана од европска референтна лабораторија за АМО. Презентирани се начините на инокулација на специфичниот панел, читањето и интерпретација на добиените вредности. На крај е презентиран начинот на пријавување на резултатите во EFSA како и проценка на мерките кои треба да се превземаат за да се контролира АМО на кампилобактериите во примарното производство преку индицирана и рационална употреба на антибиотиците.

Љупчо Ангеловски DVM, MSc

Докторанд на катедрата за безбедност на храна на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Раководител на Лабораторија за квалитет на сурово млеко при Институтот за храна на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје 

Член на Европската федерација за наука и технологија на храна (EFFOST)

Член на Европската група за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG)

Член на Европската асоцијација на ветеринарни лабораториски дијагностичари (EAVLD)

Тема: Интегриран систем за мониторинг и известување за кампилобактериозата и пратење на антимикробната отпорност кај Campylobacter spp.

Предавач: м-р. Љупчо Ангеловски –   Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Презентацијата ќе биде фокусирана на значењето на антимикробната резистенција кај бактериите, моменталната состојба во светот и кај нас и посебно ќе биде акцентиран Campylobacter spp. и неговото епидемиолошко значење. Ќе бидат претставени неколкуте светски организации кои работат на проблематиката на антимикробната резистенција и нивната интерсекторска соработка со „One Health“ принципот. Во предавањето ќе биде опфатен сегашниот опсег на мониторингот на резистенцијата кај изолатите на Campylobacter spp. во хумани и анимални примероци и примероци од храна. Презентацијата ќе ги содржи најважните фази на еден интегриран One Health систем за следење на АМР кај Campylobacter spp., но и за другите патогени микроорганизми.