Вебинар

“Обединети за зачувување на антимикробните средства” (за ветеринарните практичари и здравствени работници)

Поздравно обраќање

Почитувани колеги,

Овогодинешното одбележување на Светската недела за рационална употреба на антимикробните средства е поважно од било кога во поглед на пандемијата со COVID-19. Во тековната криза во нашата земја постојат потенцијални закани кои можат да влијаат врз активностите во управувањето со антимикробните средства. Неразумната и неодговорна употреба на антибиотиците кај животните и кај луѓето особено во време на пандемија ќе не соочи со драматично зголемување на бројот на инфекции отпорни на овие лекови во блиска иднина.

Имајќи го во предвид големото значење на антимикробната резистенција и континуираното зголемување на резистентните соеви на бактерии во светот, Европа и кај нас,  потребно е постојано да се дискутира за важноста од развој на програми за антимикробно управување, да се промовира антимикробното управување и да се едуцираат нови генерациии на стручни лица кои ќе бидат во можност да развијат и имплементираат програми за контрола на инфекциите како во хуманата така и во ветеринарната практика.

Оваа онлајн работилница (вебинар) ќе Ви понуди практичен пристап кон разумната и одговорна употреба на антибиотиците во ветеринарната медицина и ќе Ви укаже на важноста од следење на ветеринарно медицинските препарати во целиот ланец на нивното ставање во промет и употреба.

Исто така овој вебинар ќе Ви овозможи увид во тоа како пандемијата со КОВИД-19 влијае на состојбата со антимикробната резистенција, ќе Ви даде информации за програмите за антимикробно управување при справувањето со  оваа вирусна инфекција и ќе Ви даде увид во други активности поврзани со контролата на антимикробната резистенција во хуманата медицина со што воедно ќе се овозможи зајакнување на меѓусекторската соработка меѓу хуманата и ветеринарна медицина.

На овој начин како ветеринарни практичари ќе бидете запознаени со практиките кои се превземаат во хуманата медицина во борбата со КОВИД-19 и растечката закана од антимикробна резистенција, но истовремено и со значењето што го има употребата на антибиотиците во ветеринарната медицина врз здравјето на луѓето и животните и чекорите кои е потребно да се превземат во насока на контрола на развојот на антимикробна резистенција во РСМ и Европа.

Реализирањето на вебинарот е потпомогнато од Светската Здравствена Организација – регионалната канцеларија за Европа, која го покрива учеството на вебинарот за 80 ветеринарни практичари во РСМ, а е во духот и пристапот на “Едно здравје”.

Здравјето на луѓето, животните и на животната средина се неразделни кога станува збор за борбата против антимикробната резистенција, а пристапот “Едно здравje” е единствениот можен начин да се постигне вистински напредок во нашата земја, регионот и во светот.

Со почит,

Проф. д-р Ромел Велев  и      Доц.д-р Голубинка Бошевска

  • Време: 12:00 – 14:00 часот
  • Датум: 20 Ноември 2020 (Петок)
  • Начин на одржување: on-line во закажаниот термин преку платформата https://WAAW2020NorthMacedonia.mk  (ќе биде потребно да се логирате преку вашиот акаунт со информациите дадени во процесот на регистрација (Username & Password) 
  • Целна публика: 80 ветеринарни практичари со интерес за разумно и одговорно управување со антимикробните средства во своите практики
  • Организатори: Мултисекторска комисија за контрола на АМР при Министерството за здравство на РСМ и Ветеринарна комора на РСМ
  • Поддржувач: Светска Здравствена Организација – регионална канцеларија за Европа
  • Акредитација: Работилница за континуирана медицинска едукација акредитирана од Ветеринарна комора на РСМ
  • Поени за КПР: 4 поени
  • Регистрација и плаќање: Регистрацијата е бесплатна по принципот “прв пријавен – прв услужен” до пополнување на предвидениот број на учесници
  • Рок за пријавување до:

20 Ноември 2020

ВЕБИНАР

ОБЕДИНЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА АНТИМИКРОБНИТЕ СРЕДСТВА

20 Ноември 2020 (Петок) – 12:00 до 14:00 часот

Покана до ветеринарните практичари и здравствени работници со интерес за разумно и одговорно управување со антимикробните средства во своите практики

Клучни цели на вебинарот:

  • да се продолжи со едукација и поддршка на засегнатите страни во справување со понатамошната појава и растечка закана од бактерии отпорни на антибиотици
  • да се подигне свеста за интеракцијата помеѓу луѓето и животните и нужноста од рационална употреба на антибиотиците во хуманиот и ветеринарниот сектор
  • да се споделат со докторите по ветеринарна медицина информациите за влијанието на тековната пандемија со КОВИД-19 врз антимикробната резистенција (АМР) и важноста за зачувување на антибиотиците
  • да се охрабрат ветеринарните доктори пред примената на антибиотиците кај животните да ја проверат нивната категоризација со што ќе придонесат за ублажување на негативните последици врз здравјето на луѓето од употребата на овие лекови во ветеринарната медицина
  • да се зајакне соработката меѓу академските институции, професионалните организации и Националните агенции од хуманиот и ветеринарниот сектор во духот на “Едно здравје” и да се поттикнат најдобри практики кај пошироката јавност, здравствените работници и креаторите на политики.

Повикани предавачи:

Проф. д-р Никола Пановски – професор по микробиологија и паразитологија, Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Асс. д-р Милена Стевановиќ – специалист инфектолог, медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје

Проф. д-р Катарина Ставриќ – професор по семејна медицина, Медицински Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

М-р Сашко Арсов – раководител на оддел за ветеринарно јавно здравство при Агенцијата за храна и ветеринарство

Проф. д-р Ромел Велев – професор по фармакологија и токсикологија, Факултетот за ветеринарна медиицна, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје

Модератори / Фасилитатори на работилницата:

Проф. д-р Голубинка Бошевска – Национален АМР координатор во РСМ; вработена во WHO Balcan Hub – лабораториски технички офицер на СЗО за поддршка на лабораториите кои работат на дијагностика на КОВИД-19 во Балканските држави

д-р Томислав Николовски – претседател на Ветеринарната комора на РСМ

АГЕНДА НА ВЕБИНАР “ОБЕДИНЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА АНТИМИКРОБНИТЕ СРЕДСТВА” 20 Ноември 2020 (Петок) - 12:00 до 14:00 часот

Време

Активност / Тема

Предавач/ Фасилитатор

 

11.45 – 12.00

 

Вклучување на учесниците на веб платформата

 

 

12.00 – 12.15

 

Добредојде & Воведни зборови

Проф. д-р. Голубинка Бошевска

 

Д-р Томислав Николовски

 

12.15 – 12.30

 

 

Како пандемијата со КОВИД-19 влијае на состојбата со антимикробната резистенција (АМР)?

 

Проф. д-р. Никола Пановски

М-р. фарм. Кристина Христова

 

12.30 – 12.45

 

 

Од асимптоматска до тешка КОВИД-19 болест со смртен исход и опции за третман

 

Асс. д-р Милена Стевановиќ

 

12.45 – 13.00

 

Влијанието на пандемијата со КОВИД-19  на пропишувањето антибиотици во примарната здравствена заштита

 

Проф. д-р. Катарина Ставриќ

 

13.00 – 13.15

 

 

Барања за следливост на антимикробните средства во ветеринарната медицина во РСМ

 

М-р Сашко Арсов

 

13.15 – 13.30

 

Категоризација на антибиотиците за примена во ветеринарната медицина во заштита на здравјето на луѓето и животните

 

Проф. д-р Ромел Велев

 

13.30 – 14.00

 

 

Дискусија

 

 

14.00 – 14.15

 

 

Одјавување

 

ПОКАНЕТИ ПРЕДАВАЧИ СО КРАТОК ОПИС НА ПРЕДВИДЕНИТЕ ТЕМИ ЗА ВЕБИНАРОТ

Никола Пановски, MD, PhD

Редовен професор на Катедрата по микробиологија и паразитологија на Медицинскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Специјалист по медицинска микробиологија

Претседател на Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство на РСМ

Член на МЛД, ЛКМ, Федерација на европски микробиолошки друштва, Балканското друштво по микробиологија

Главен уредник на учебникот Медицинска микробиологија со паразитологија – специјален дел; Уредник на делот – Вирусологија, Уредник на учебникот Медицинска микробиологија – општ дел за студентите по медицина, Медицинскиот Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Поранешен заменик министер за здравство и директор на ФЗОМ

Кристина Христова, Мr Pharm.

MSc Здравствен менаџмент и фармакоекономија

Советник на Директорот на ФЗОРСМ

Член на Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство на РСМ

Национален претставник во СЗО канцеларијата за Европа за следење на потрошувачката на антимикробни средства

Член на ФКМ, МФД, ISPOR Македонија, WHO SEE AMC Network

Поранешен директор на секторот за фармација на ФЗОМ и ВД директор на ФЗОM

1. ТЕМА: Како пандемијата со КОВИД-19 влијае на состојбата со антимикробната резистенција (АМР)?

Предавач: Проф. д-р Никола Пановски, редовен професор на Катедрата по микробиологија и паразитологија на Медицинскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Краток опис: Што е SARS CoV 2, што научивме досега, кој беа заблудите и грешките? Дали појавата и преземените мерки против ширењето на КОВИД-19 позитивно влијаат врз контрола на антимикробната резистенција, во смисла на помалку инфекции, зголемена заштита од инфекции, помало аерозагадување итн? Дали, напротив, е зголемена потрошувачката на одредени антибиотици кои се даваат за „превенција“ или лекување на оваа болест?

Милена Стевановиќ, MD, MSc

Специалист инфектолог и Медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

Асистент на Медицинскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Член на комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на РСМ

Член на Европска асоциајција на лекари за третман на СИДА (EACS)

Член на ХЕРА асоцијација за здравствена едукација и истражување.

  1. Тема: Од асимптоматска до тешка КОВИД19 болест со смртен исход и опции за третман

Предавач: Асс. д-р Милена Стевановиќ – специалист инфектолог и медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

Краток опис: Презентацијата опфаќа клиничка слика на КОВИД-19 и нејзините варијации од асимптоматска до тешка клиничка слика. Искуствата на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби со справување и третман на болните, препорачаните терапии и потребата од антибиотски третман како и нивна рационална примена. Во излагањето ќе биде опфатено и стапката на смртност и нејзина анализа.

Катарина Ставриќ, MD, PhD

Вонреден професор на Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Член на Мултисекторска комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство на РСМ

Член на Здружението на лекари на Македонија, Здружение на педијатри на Македонија, Македонското здружение за основна и клиничка имунологија 

Член на EURACT, IPCRG, ERS (2003-2010 год.), EAACI (2002-2012 год.)

Поранешен директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје

  1. ТЕМА: Влијанието на пандемијата со КОВИД-19 на пропишувањето антибиотици во примарната здравствена заштита

Предавач: Проф. д-р Катарина Ставриќ, вонреден професор на Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј – Скопје

Краток опис: Иако во Македонија постојат упатства за пропишување на антибиотици при акутни инфекции на респираторниот тракт (АРТИ) како и за КОВИД-19, тие не се применуваат од страна на матичните лекари. Студијата за пропишување на антибиотици за АРТИ е повторена во 2019 година, а резултатите се споредени со 2014 година. Во 2019 година препишано е за 5.7% помалку антибиотици за АРТИ, пред се за настинка и тонсилофарингит, но се уште е непроменет процентот на пропишани антибиотици за акутен тонзилитис, а повеќе антибиотици се пропишани за акутен бронхитис. Најчесто пропишуван антибиотик и понатаму е амоксилцилинот во комбинација со клавулонската киселина со негов пораст во споредба со 2014 година, како и на  флуорокинолоните и цефалоспорините од 3 генерација, но се приметува незначително намалено пропишување на макролидите. Сепак, во услови на пандемија со КОВИД-19 кога протоколите не препорачуваат пропишување на антибиотици за лесни и средни форми на респираторни инфекции кои се третираат во домашни услови, прашање е колку се пропишуваат антибиотиците особено макролидите.

Ромел Велев DVM, MSc., PhD

Редовен професор на катедрата за фармакологија и токсикологија на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Раководител на Центарот за несакани дејства и информирање за ветеринарно медицинските препарати

Член  на  Европската  Асоцијација  на  ветеринарни  фармаколози  и  токсиколози (EAVPT)

Член на Мултисекторска комисија за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство на РСМ

Член на Националната платформа на експерти од областа на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика

Претседател на Црвен Крст на РСМ

  1. Тема: Категоризација на антибиотиците за примена во ветеринарната медицина во заштита на здравјето на луѓето и животните

Предавач: Проф. д-р Ромел Велев – Редовен професор на катедрата за фармакологија и токсикологија на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Краток опис: Ќе биде претставена новата категоризација на антибиотиците за употреба кај животните изработена од Ad hoc стручната група на Европската агенција за лекови и потребата од нивна разумна и одговорна примена со цел заштита на здравјето на луѓето и животните. Неразумната и неодговорна употреба на антибиотиците кај животните и луѓето го зголемува ризикот од развој на резистентни бактериите. Ова е важно за антибиотиците кои се употребуваат во лекувањето на пациентите во хуманата и ветеринарната медицина, а особено при употребата на антибиотиците кои се последна линија во лекувањето на критичните инфекции кај луѓе. Докторите по ветеринарна медицина на овој начин ќе бидат охрабрени при употребата/препишувањето на антибиотиците за нивните пациенти да ги земаат предвид ажурираните научни совети со што ќе помогнат во зачувување на критички важните антибиотици за хуманата медицина и зачувување на антибиотиците за идните генерации.

Сашко Арсов DVM, MSc.

Раководител на Сектор за ветеринарно јавно здравство во Агенција за храна и ветеринарство

Член на стручните комисии при АХВ за одобрување на објекти за промет со ветеринарно медицински препарати; за одобрување на објекти и оператори со храна, храна за исхрана на животни и нуспроизводи од животинско потекло

Раководител на одделението за безбедност на храна од животинско потекло во Управа за ветеринарство на МЗШВ и во Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 2002 до 2017 година    

Ветеринарен инспектор во МЗШВ во периодот од 1993 до 2002 година во подрачната единица во Велес   

Доктор по ветеринарна медицина во Свињарската фарма “Градско” во периодот од 1991 до 1993 година    

  1. Тема: Барања за следливост на антимикробните средства во ветеринарната медицина во РСМ

Предавач: М-р Сашко Арсов – раководител на оддел за ветеринарно јавно здравство при Агенцијата за храна и ветеринарство

Краток опис: Во предавањето ќе биде презентирана моменталната законска легислатива за барањата за следливост на ветеринарно медицинските препарати, меѓу кои и на антимикробните средства за употреба во ветеринарната медицина. Исто така ќе стане збор за досегашните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и за активностите на ова поле кои се планирани за наредниот период, а кои треба да ги исполнат сите учесници во системот на употреба на ветеринарно медицинските препарати, соодветно и антимикробните средства.